Еден загинат во нов израелски воздушен напад во Либан
Најмалку едно лице загина денеска во уште еден израелски воздушен напад во Јужен Либан, соопшти Министерството за здравство.
Вчера со неколку слични напади исто така загина едно лице.
Новиот напад беше извршен и покрај договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанското движење Хезболах, кој стапи во сила на 27 ноември минатата година.
Нападот бил извршен во градот Ал Хијам, соопшти Министерството за здравство на Либан. Израелската армија засега не коментира.
Договорот за прекин на огнот предвидува Хезболах да ги повлече сите свои сили и да ја демонтира целата своја воена инфраструктура во јужен Либан. Израелската армија задржува пет позиции во овој дел на соседната земја.
Либанскиот претседател Жозеф Аун вчера исклучи каква било можност за нормализирање на односите со Израел во оваа фаза, но во исто време нагласи колку е важно двете соседни држави да живеат во мир.