Еден загинат во украински напад врз Белгород

Еден маж загина, а жена и четиригодишно дете се тешко повредени во напад на украински дрон врз возило во западната руска погранична област Белгород, соопшти денеска локалниот гувернер.
Гувернерот Вјачеслав Гладков преку Телеграм изјави дека двајцата повредени се хоспитализирани во тешка состојба. Пожарникарите го изгаснале пожарот што го зафатил автомобилот по нападот, додаде тој.
Светските агенции нагласуваат дека извештаите не можат независно да бидат потврдени.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека во утрово соборило 42 украински дронови, покрај 90-те што беа соборени во текот на ноќта, вклучително и три беспилотни летала кои биле насочени кон Москва.
Украинските напади со дронови често погодуваат цели во Белгород и во други погранични региони.






