Еден загинат во верижен судир на патот Радовиш-Штип

Маж на возраст од 42 години почина во верижен судир што се случил синоќа во 21.30 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на клучка за село Љуботен.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале три возила, „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(33) од Кочани, „пежо 206“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Р.(28) од Радовиш и патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(40) од Кочани.

Во несреќата починало едно лице, сопатник во „опел корсата“, додека возачот се здобил со тешки телесни повреди, а двајца сопатници со телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител.

Дел од медиумите јавуваат дека во возилата се превезувале мигранти

Back to top button
Close