Единаесет возачи управувале возило под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

 Полициски службеници од СВР Битола на  вчера и денеска во периодот од 22:00 до 04:00 часот спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол . Притоа, контролирани биле 248 возачи, при што откриено присуство на алкохол било кај 11 возачи. Истите веднаш се исклучени од сообраќајот и поднесени им се соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

Back to top button
Close