Единствен преживеан од вчерашната несреќа на жичарница во северна Италија е петгодишно момче од Израел

Единствен преживеан од вчерашната несреќа во северна Италија е е петгодишно момче од Израел, а 14 луѓе загинаа.

Несреќата се случи откако се урна жичарница во близина на езерото Маџоре, при што две повредени деца беа транспортирани во локалната болница, каде едното дете почина.

Петмина од загинатите се израелски граѓани, родителите, бабата и дедото, како и братот на преживеаното дете. Неговиот брат почина во болница.

Кабината од жичарницата се урна при превоз на патници од градот Стреса до планината Мотароне, патување што трае околу 20 минути.

Кабината паднала од висина од сто метри. Се претпоставува дека причина за несреќата е попуштање на носечкиот кабел на жичарницата.

 

Back to top button
Close