Единствените семафори во Велес не работат повеќе од еден месец, им застарела технологијата

Единствените семафори на фреквентната раскрсница во Велес се надвор од функција веќе повеќе од еден месец, што предизвикува реакции кај граѓаните. Пешаците и возачите секојдневно реагираат поради зголемениот ризик и нарушената безбедност во сообраќајот, објави „Дума.мк“.

 

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, информираше дека постојните семафори се поставени пред околу дваесет години и дека работат со застарена технологија, за која повеќе не постојат резервни делови.

Во предлог-измените на Програмата за ребаланс на буџетот на Општината се предвидени средства за набавка на нови семафори. Точката е веќе ставена на дневен ред на следната седница на Советот на Општина Велес, која ќе се одржи во понеделник, на 21 јули.

извор: Дума.мк

Back to top button
Close