Една година никој не го расчистува просторот на опожареното поранешно училиште во Пржино

На 1ви април минатата година во скопската населба Пржино имаше голем пожар во која изгоре напуштена барака.Пожарот беше голем, пожарникарите брзо реагираа а помогна и локалното население во локализирање на пожарот.Поради силниот ветер пожарот можеше да ги зафати и околните куќи но бројните возила на противпожарната бригада го запреа огнот.

Пожарот во напуштената барака, која што во минатиот век служела како училиште од 1во до 4то одделение според првичните информации настанал од запалено ѓубре кој се наоѓал во објектот. Неколку дена по инцидентот екипите на МВР излегоа на терен за расчистување на случајот но сеуште нема официјална потврда дали пожарот е предизвикан од човечки фактор или сепак станува збор за несреќен случај.

Жителите на Пржино, сепак сметаат дека пожарот бил подметнат, поради како што они тврдат, расчистување на просторот за градење на згради и нова бетонизација на населбата.

,,Се зборува дека инвеститорот на двете нови згради во Пржино го земала и ова земјиште. Така што ќе се расчисти просторот со изградба на уште еден таков објект” велат жителите на Пржино.

Многумина го сметаат Пржино за ,,елитна” населба па затоа и побарувачката за станови во новоизградените згради е голема. Цената за метар квадратен во Пржино достигнува цена и од 1800 евра.

Извор: 24инфо

Back to top button
Close