Една година од катастрофалниот земјотрес во Албанија

– На денешен ден, пред една година, Албанија ја потресе најсилниот земјотрес во последните неколку децении.

Беше 3:56 часот, кога силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, кој траеше околу 50 секунди, ги погоди Драч и Тирана, одземајќи ги животите на 51 лице, а повредени беа повеќе од илјада.

Последиците од овој катастрофален земјотрес беа уште поголеми, бидејќи беа погодени 202.000 лица, чии домови беа уништени. Проценетата материјалната штета беше над 1,2 милијарди евра.

Срамнети со земја беа стамбени гради, куќи, хотели, училишта, други објекти, луѓе кои бараат помош, амбулантни возила, автомобили на полицијата и армија и спасувалки екипи од соседните земји, меѓу нив и Северна Македонија, беше сликата на таа трагедија, на 26 ноември минатата година.

Првите часови беа хаотични, бидејќи многу луѓе под урнатините се бореа меѓу животот и смртта, додека други, исто така, мораа да се справат со паниката предизвикана од последователните потреси.

Солидарноста не изостана и почна да пристигнува од соседнте земји, потоа од Италија, Грција, Турција, Франција и многу други земји од каде беа многу екипи за пребарување и спасување кои со денови трагаа под урнатините по телата на жртвите.

По една година, раните се уште се лекуваат. Драч и Тирана беа двете од најголемите општини кои имаа сериозни последици, но не помалку штета имаше и во општините Шијак, Круја, Камза, Каваја, Курбин, Лежа, Рогожина.

Сеќавањата од 26 ноември минатата година се во сите, кои денес по една година се сеќаваат дека животот и смртта ги делат само неколку секунди.

Денеска, година по катастрофата, премиерот Еди Рама упати порака до албанските граѓани.

-Незаборавно сеќавање на жртвите од трагедијата од пред една година.Тоа беа најтешките денови и ноќи во мојот живот. Најлошото е зад нас, а најдоброто е пред нас како едно семејство. Пополека семејствата се враќаат во новоизградените домови. Трпение се ќе надминеме заедно, вели Рама.

Тој додава дека се покажало колку многу пријатели има Албанија уште во првите мигови, но и подоцна кога на меѓународната донаторска конфренција во февруари во Брисел беа собрани повеќе од милијарда евра

Back to top button
Close