ЕДНА НЕДЕЛА ЗГРАДАТА НА МРТ НЕМА ВОДА! Вработените се жалат на катастрофални хигиенски и општи услови за работа!

t

Вработени во зградата на Македонската радио телевизија, каде се сместени повеќе државни институции, се обратија до редакцијата на Инфомакс поради проблем со водата во зградата.

Како што велат, веќе една недела во зградата нема вода, лифтовите не работат, а хигиенските услови се катастрофални.

Во продолжение пораката која ја доби Инфомакс:

– Ве известувам за сериозна состојба во јавната институција МРТВ (Македонска радио телевизија), која директно ги загрозува основните работнички и хигиенски услови.

Веќе повеќе од една недела, во објектот на МРТВ нема вода. Ова значи дека вработените немаат пристап до санитарни услови и основна хигиена, што е спротивно на сите здравствени и безбедносни стандарди. И покрај ова, вработените се обврзани да остануваат на работа по 8 часа дневно, што е целосно неприфатливо и штетно по нивното здравје и достоинство.

Дополнително, лифтовите во објектот не функционираат, што создава дополнителни проблеми, особено за лица со ограничена подвижност или здравствени потешкотии.

Со ова писмо апелирам до вас како медиум да ја објавите оваа информација и да алармирате до надлежните институции, со цел итно решавање на проблемот и обезбедување човечки услови за работа во јавната радиодифузна куќа.

Back to top button
Close