Една од жртвите на Алексиќ: Знаеше колку сум несигурна. Знаев дека не е нормално некој на 66-67 години да ме допира, беше одвратно, но не се ни посомневав дека има намери што не беа педагошки

Една од жртвите на српскиот професор по глума Мика Алексиќ, дваесетгодишна девојка, се согласила да открие за медиумите низ што поминала, под услов да остане анонимна.

-Започна две недели по мојот 18-ти роденден. Како да чекаше да станам полнолетна, иако имаше и други девојчиња кои ги нападна додека беа помлади. Кога започна, повраќав, изгубив 11 килограми. Се „исушив“. Не повраќав само по часовите, се случуваше и преку ден. Секој оброк го повраќав, изјавила девојката.

Таа вели дека нејзините пријатели забележале дека се повлекува во себе. Престанала да излегува и да се дружи. Последната година од средното училиште ѝ станала пеколна, била осамена иако токму тогаш трае дружењето меѓу врсниците и матурантите.

-Кога првпат ме однесе во канцеларијата, две недели по мојот 18 роденден, се сеќавам дека зборуваше на еден час за самодовербата на жените и за фаталните жени. Тој велеше дека не постои самодоверба на жената што ветерот не може да ја однесе, треба само да штракнеш со пристите и жената ќе падне. Цело време ме гледаше во очи. Токму поради него самодовербата ми беше нула, но не бев ни свесна. Го гледав со воодушевување! Си мислев како тој знае сè и како гледа на сè! Тој ме процени и ме однесе во канцеларијата, каде ми рече дека ќе работиме на мојата самодоверба и дека тој ќе ми помогне. Тој е многу интелигентна личност, многу паметен човек кој подготвувал совршено злосторство – изјавила 20-годишната девојка за „Блиц“.

Знаела, вели таа, дека тоа што ѝ се случува не е добро. Многу ужасно се чувствувала и плачела цело време.

-Кога ќе се случеше тоа, по 10 пати се туширав. Без претерување, 10 пати. Знаев дека не е нормално некој на возраст од 66-67 години да ме допира, беше одвратно, но сепак не се ни посомневав дека има какви било намери што не беа педагошки и за мое добро.

Тоа е тој болен страв, не можете да го разочарате, воопшто не! Се враќав на неговите часови, бидејќи се плашев тој да не помисли дека не сум дошла поради тоа – изјавила девојката.

Таа вели дека сè уште „мириса“ на Алексиќ и дека покегаш ѝ се причинува дека го гледа на улица, иако не го видела скоро две години.

Силувањето, тврди таа, се повторувало скоро секој вторник седум месеци.

-Понекогаш ќе пропушташе еден или два вторници и мислев дека престанал и сè ќе биде како што треба повторно … И потоа повторно ќе ме повикаше во канцеларија.

Таа вели дека силувањата престанале кога завршило т.н. училиште за глума.

Како што рече, пред последниот час по глума, се договорила со нејзините пријатели да се појават пред крајот на часот и на тој начин да го спречи да ја однесе во канцеларија.

-Така и се случи. Тоа беше мојата последна средба со Мика. Летнав по скалите од училиштето до „Кнез Михаилова“ и повторно повратив. Беше еден вид олеснување измешано со страв, бидејќи се плашев дека може повторно да продолжи, дека ќе успее да ме собере и дури и кога веќе не одев повеќе во студиото – вели студентката по глума.

Нејзината цел, вели таа, била Мика да не силува повеќе девојки. Кога ја завршила четвртата година и се запишала на факултет, поканила на кафе две девојки од групата кои сакаале да се запишат на глума следната година и им раскажала сè.

-Ги поканив на кафе. Морав да им кажам затоа што знаев дека нема да можат да му кажат не. Им реков: или да се откажат од групата и да се запишат кај друг професор, бидејќи се талентирани и вредни, или воопшто да не се запишат на глума, за да не мора да одат на подготовки. Добро се чувствувам затоа што ги спречив да го преживеат истото – вели таа.

Како што вели, самата знаела дека не може во наредните 15 години да откаже цели генерации од т.н. училиште за глума, раскажувајќи им што преживеала.

– Знаев дека тоа не е решението. Дека треба да направам нешто друго и дека мора да го пријавам. „Малку“ раскажав дома на моите, но само малку, не го спомнав силувањето. Но, откако разговараа со таткото на Ива, тие дознаа што навистина се случуваше и ја добив нивната безрезервна поддршка – вели таа.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close