Една победа го дели Реал од трофејот во Ла Лига

 Фудбалерите на Реал Мадрид се на чекор од освојуваше на титулата во Шпанското фудбалско првенство. „Кралевите“ синоќа во 36. коло ја совладаа Гранада на гостински терен со 2:1 и ја вратија разликата од четири бода во однос на конкурентот за првото место, тимот на Барселона.

Трите бода Реал во Гранада ги обезбеди по само петнаесетина минути игра со головите на Ферланд Менди и на Карим Бензема. До крајот домаќините успеаја само да намалат преку Дарвин Макис.

На табелата во Ла Лига, Реал е лидер со 83 бода пред Барселона која има 79. Гранада е 10-та со 50 бода.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close