„Еднаква“: 30 жени кои оставиле трага во македонското новинарство
Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ по кратко истражување одбраа 30 жени новинарки, уреднички, репортерки, монтажерки, камерманки и фоторепортерки кои во изминатите 80 години оставиле значаен печат во македонските медиуми.
Преку нивните фотографии јавноста беше потсетена на имиња кои стоеле зад првите уреднички позиции, почетоците на македонското радио и телевизиско пренесување, како и на жени што отвориле општествени, културни, политички и образовни прашања, станувајќи глас за оние кои останувале без глас.
На настанот посебна благодарност беше упатена до македонскиот стартап tytl.app, кој изработи дигитален глас на новинарката Бранка Станковска со помош на вештачка интелигенција.
Извор: trn.mk