Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Делчево – М.Каменица, кој по двочасовен прекин е отворен за сообраќај


Пуштен е сообраќајот на патот Делчево – М.Каменица кој поради сообраќајка на две возила беше во прекин од 19 до 21 часот. Во сообраќајката едно лице е потешко повредено, но е вон животно загрозувачка состојба. Лицето јое се здобило со скршеници на коски е пренесено на понатамошно лекување во клиничка болница Штип.

Во двете возила кои учествувале во несреќата се наоѓале и други лица кои имале полесни повреди и не се задржани во делчевската Итна помош.

На местото на настанот увид изврши екипа на МВР Делчево, од каде повеќе детали за причините за несреќата најавија за утре.

Back to top button
Close