Едно лице убиено, 11 повредени во пукотница во Минеаполис

Засега не се соопштени учесниците или мотивот за пукањето, но на социјалните мрежи се прошири информација дека во областа била забележана група од околу 100 луѓе со различно оружје.
Blood on the ground after a 7 were hit in a shooting in Uptown, Minneapolis just now:pic.twitter.com/3nqiZmUOcU
— Kyle Hooten (@KyleHooten2) June 21, 2020
Полицијата им препорача на граѓаните да го избегнуваат делот на градот каде дојде до пукање, но не соопштија повеќе детали за инцидентот. Дел од градот на кој се однесува предупредувањето е комерцијален кварт, каде е локалниот театар и неколку барови и ресторани.
Токму од Минеаполис почнаа масовните протести против полициска бруталност и системски расизам откако Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен за време на полициско апсење.