Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката на патот Неготино – Кавадарци

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката што попладнево се случи на патот Неготино – Кавадарци, потврдија за МИА од неготинскиот Здравствен дом.

Оттаму појаснија дека едно лице починало на лице место, а друго се здобило со повреди и е на иследување во кавадаречката болница.

Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката и рекоа дека се случила кај селото Марена.

Back to top button
Close