Едно лице загина и 120 се уапсени на протестите во Белорусија

Најмалку едно лице загина откако го удрило полициско возило, а десетици се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Белорусија, соопшти денеска претставникот на групата за човекови права „Пролет 96“, Валентин Штефанович.

Тој рече дека се уапсени најмалку 120 лица.

Откако беа објавени резултатите од претседателските избори на кои Александар Лукашенко го доби шестиот мандат, илјадници белоруски граѓани излегоа на улиците низ целата земја.

На протестите дошло до судири со полицијата, која користела шок-бомби, солзавец и водени топови против демонстрантите.

Back to top button
Close