Едно лице загина во пожар во дом за стари лица во Заечар

Едно лице загина, а две лица се повредени во пожарот што вчера околу 17 часот избувнал на улицата „Шавничка“ број 10 во Заечар. Според неофицијални информации, пожарот избувнал во објект кој нудел услуги за згрижување на стари лица, но без дозвола за работа.

Според пожарникарите, пожарот започнал во подрумот кај котелот за ложење.

 

Веројатно овој инцидент би останал забележан само како вест од криминалната хроника доколку не се открие дека во таа куќа подолго време се обезбедувале услуги за згрижување и нега на стари и болни лица, но без официјална дозвола за работа, пишува локалниот портал Zamedia.

 

Се огласи Центарот за социјална работа

 

 

По повод инцидентот, се огласи Центарот за социјална работа во Заечар, а соопштението го пренесуваме целосно:

 

„Центарот за социјална работа во Заечар ја информира јавноста дека е запознаен со наведениот случај и дека починатото лице не било корисник на Центарот. Лицата кои преку Центарот биле сместени во семејна заштита во овој објект се во добра здравствена состојба, без повреди, и се пренесени од страна на Центарот во друг семеен сместувачки објект, во друга хранителска семејна единица за возрасни и стари лица. Наведениот објект е во приватна сопственост, не претставува установа за социјална заштита и со истиот не управува Центарот за социјална работа во Заечар“, се вели во соопштението.

Полицијата во Заечар работи на собирање на сите потребни докази и информации, по што јавноста ќе биде дополнително информирана, соопштија од ПУ Заечар.

Back to top button
Close