Едно од 10 работни места на Квебек затворено поради Ковид-19

 Едно од 10 работни места што постоеше минатата година во канадската провинција Квебек, е затворено за време на пандемијата на новиот коронавирус.

Според статистичките податоци кризата особено ја погоди помладата популација на Квебек.

За лицата на возраст од 15 до 24 години, скоро 25 проценти од работните места што постоеја на пазарот помеѓу март и јуни 2019 година исчезнаа во истиот период оваа година, покажуваат податоците објавени од Бирото за статистика на Квебек.

Според податоците презентирани во неодамнешното истражување, жените биле повеќе погодени од падот на обемот на работа во Квебек. Од речиси 450.000 работни места изгубени меѓу март и јуни, 238.100 изгубија жени, наспроти 209.100 изгубени од мажи.

Бирото за статистика на Квебек покажа дека повеќето работни места, скоро 100.000, се зарворени во услужната индустрија, како што се ресторани и сместување.

Back to top button
Close