Едуино игратон – креативен предизвик за учење и забава за родители и деца од три до десет години

Сите родители и деца од 3-10 години може да се вклучат во креативниот предизвик – Едуино игратон и да учествуваат во создавање на прекрасни семејни спомени и поттикнување моменти на учење и забава заедно со своите најмили.

Децата и родителите може да одберат една или повеќе од седумте понудени активности – мозаик, игра со кругови, геотабла, волшебно другарче, градина во домот, правиме музика и пронајди го листот.

Игратонот, како што посочуваат организаторите, не е натпревар и нема натпреварувачки карактер туку претставува предизвик до сите да ги истражат границите на својата имагинација.

– Како дополнителна мотивација, за креираните изработки од селектираните едуино активности, ќе има симболични подароци кои ќе се доделат преку лотарија (со извлекување), со селекција на 12 случајни добитници преку јавен и транспарентен настан, се вели во соопштението од организаторите.

Предизвикот трае до 29-ти ноември, а повеќе информации за учество може да добиете на овој линк.

Едуино е колективен портал, замислен како библиотека со активности за учење и игра, наменет за креирање на отворени и бесплатни ресурси кои ќе помогнат во учењето на децата преку игра. Досега на порталот се објавени содржини креирани од страна на над 200 едукатори и соработници ширум државата, а поголемиот дел од нив се наменети и адаптирани за играње во домашни услов

Back to top button
Close