Џефри Сакс во интервју со Карлсон: Иран е цивилизација стара 5 200 години и не сака нуклеарно да ги нападне САД!
Иран не сака нуклеарна бомба и не сака да ги нападне САД, вели познатиот економист и политички аналитичар Џефри Сакс во интервјуто со Такер Карлсон. Еве сегмент од тоа интервју кој се однесува на разговорот за односите меѓу Иран и САД:
Такер КАРЛСОН: Оваа недела слушавме дека Иран е само на неколку недели од создавање на нуклеарно оружје и дека затоа треба да ги уништиме нуклеарните локалитети што ни се потребни за да влијаеме на промената на режимот во Иран. Слушам постојано дека Иран е неколку недели од изградба на нуклеарно оружје најмалку 25 години…
Џефри САКС: Да, слушаме дословно најмалку една деценија, а во суштина подолго…
КАРЛСОН: Да, дали Иран е неколку недели од изградба на нуклеарно оружје? Дали Иран сака нуклеарно оружје? Дали Иран ќе добие нуклеарно оружје? Која е вистината за тоа?
САКС: Иран? Иран не сака нуклеарно оружје. Соседите на Иран како Саудијците и другите во Заливот не сакаат Иран да има нуклеарно оружје.
Главниот сојузник на Иран е Русија. Русија не сака Иран да има нуклеарно оружје. Но Иран не сака да биде поразен воено од Израел. Не сака да биде бомбардиран до пекол од Израел и не сака да биде санкциониран до смрт економски од САД, што САД го прават веќе бескрајни години. Иран веќе 10 години, 11 години, 12 години недвосмислено вели дека не сака нуклеарно оружје, вели сакаме договор со вас, сакаме да ги укинете санкциите и сакаме систем на проверки и мониторинг и безбедност, исто така, сакаме да имаме наши нуклеарни централи, сакаме наша сопствена војска. Но, нема да се разоружаме во регион каде што Израел ја напаѓа секоја земја во регионот и, патем, каде што имаме и други непријатели, па нема еднострано да се разоружаме во нашиот регион. Но не сакаме нуклеарно оружје. Вистината е дека тоа е познато детално веќе десетина години на највисоко ниво.
КАРЛСОН: Кој е тогаш проблемот?
САКС: Нема проблем во постигнувањето цврст договор и, патем, со нуклеарните централи кои ги има во десетици земји, МААЕ, Меѓународната агенција за атомска енергија, може и има успешно мониторирано и поставено апсолутно ригорозен мониторинг и Иран е отворен за тоа и го кажува тоа постојано и вели дека ќе соработува со соседите за синџирите за снабдување со гориво. Нема пречка за ова и јас мислам дека сме блиску до договор со Иран, всушност благодарение на претседателот Трамп, бидејќи Нетанјаху вели – НЕ. Треба да ги бомбардираме до смрт, треба да ги победиме како што ги победивме Садам, Асад и Гадафи, треба да го отстраниме овој злобен режим.
КАРЛСОН: Тоа е неговата реченица, па изгледа дека не станува збор за нуклеарно оружје, туку за промена на режимот. Па зшто не се каже тоа отворено, наместо да го слушам секој ден Фокс њуз како кажува на сите дека не можеме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Сега ако кажеш дека „всушност, Иран не сака нуклеарно оружје“, тие би ве обвиниле веднаш дека сте агент на Иран?
САКС: Можеби затоа што можеби некој би им рекол преку нивните мали слушалки да го кажат тоа, затоа што така функционира тоа…
КАРЛСОН: Но вие велите дека тоа е вистина, дека Иран не сака да бомбардира никого?
САКС: Тие рекоа дека едноставно не сакаат да бидат нападнати, тие со години велат дека треба да бидат отстранети нашите санкции, сакаат да ги нормализираат односите, велат престанете да се обидувате да нè соборите, кажете му на вашиот булдог Израел да престане да ни се заканува со војна и можеме да имаме совршено нормални односи и не сакаме нуклеарно оружје, зашто тоа е многу поголема главоболка отколку што сакаме да имаме.
КАРЛСОН: Но, тоа не е приказната што ја раскажува кој било американски новинарски канал, јас сум шокиран…
САКС: Живееме во светот на наративи, знаете, многу години Иранците прашуваа „како да стигнеме до Белата куќа на Бајден, како да отвориме канали за преговори.“ Секако дека нашите не сакаа да разговараат со нив, сега е потврдено дека претседателот Бајден не беше во форма да разговара со
никого. Таа администрацијата беше најголемиот неуспех во надворешната политика што некој може да ја замисли. Но, Иранците цело време велеа дека сакаат да преговараат и штом претседателот Трамп беше избран, веднаш прашаа дали знаете некој во Белата куќа, дали знаете некој во тимот на претседателот Трамп, како можеме да воспоставиме контакт? Тоа не е однесувањето што го правите ако неуморно се обидувате да направите нуклеарна бомба.
КАРЛСОН: Па што е со приказната што ја слушате бесконечно дека Иран планира да нуклеарно да ги нападне САД?
САКС: Тоа е толку лудо, толку збунувачки, тоа е едноставно најапсурдната идеја што може да се замисли. Патем, Иран е цивилизација околу 5 200 години стара со вообичаено име Персија. Да, тоа е веројатно најдолгата континуирана цивилизација, иако многумина скокаат и велат „не, можеби Грузијците се најстари или Египќаните.“ Значи, нема да навлегувам во расправии меѓу моите пријатели освен дека ова е всушност голема цивилизација која трае 5 000 години и тие нема да ја доведат до крај со бомбардирање на Соединетите Американски Држави и со исчезнување на Персија или Иран од светската мапа, буквално физички.
КАРЛСОН: Па зошто поминуваме низ сето ова, мислам на вниманието, целосното внимание на огромни делови од владата на САД кон Иран, милијарди и милијарди и милијарди и трилиони долари се потрошени во текот на годините за одговор на оваа закана. Имаме бази низ целиот регион, а сите се фокусирани на Иран.
САКС: Запомнете дека Иран беше прво демократска земја, во 1953 година, премиерот во тоа време по име Моседц, имаше идеја, а тоа беше дека нафтата под нивната земја им припаѓа на Иранците. Ова беше многу чудна идеја за Британците кои сметаа дека таа иранска нафта им припаѓа на Британците, Американците очекуваа дека им припаѓа на Американците во новата ера и така ЦИА и МИ6 ја соборија иранската демократија, а потоа ние инсталиравме полициска држава од 1953 до 1978 година кога шахот умираше од рак. А, тој беше омразена фигура во Иран. Џими Картер сакаше да го однесе во САД и тоа предизвика реакција и земање американски заложници во Иран. И се случи иранската револуција. Но, Иран беше дел од нашите антисоветски напори и Иран се сврте од сојузник на САД, во непријател на Америка. Патем во 1980 и 1981 година, Соединетите Држави масовно го вооружија Садам Хусеин за да убива Иранци, и му рековме на Ирак: „Одете нападнете го Иран“. И ние поддржавме апсолутно крвава катастрофална војна меѓу Ирак и Иран, ни се допадна, тоа беа двете скорпии кои се бореа во шишето и се убиваа се бореа едни со други. Американската длабока држава воопшто не се грижи за други луѓе, што и да им се случи, не се грижи за украинскиот народ, не се грижи за луѓето. Во случајот со Украина, ги користиме Украинците да се борат против Русија, борбата може да биде за Израел, во тој случај некои други џихадисти се користат, што и да е, ги користиме Курдите итн. Но, претседателот Трамп е блиску до договор.
Сепак, треба да се знае дека длабоката држава е долгогодишна и за да се совлада таа, треба голем напор.