Египет и Кина бараат независност на Палестинците во една единствена држава призната од ОН

Министрите за надворешни работи на Египет и Кина денеска во Каиро повикаа на прекин на огнот во Појасот Газа, 100 дена од војната меѓу Израел и Хамас, како и создавање на државата Палестина како полноправна членка на ОН.

На заедничката прес-конференција, на почетокот на својата турнеја во, Африка кинескиот министер Ванг Ји кажа дека тој и неговиот египетски колега Самех Шукри се за независна и суверена држава Палестина во границите од 1967 година, со источен Ерусалим како нејзин главен град.

Во заедничката изјава, двајцата министри повикаа и на „запирање на насилството и борбите“.

Во соопштение повикуваат на „меѓународен мировен самит за да се најде праведно, целосно и трајно решение за палестинското прашање и крај на окупацијата (на Израел) и независна држава Палестина“, која ќе биде територијално поврзана, а не како сега Палестинците да живеат во две ривалски, паралелни влади.

Администрацијата на палестинскиот претседател Махмуд Абас, лидерот на Фатах, контролира делови од Западниот Брег, кој е под израелска окупација од 1967 година, а Хамас, кој војува со Израел откако го нападна јужен Израел на 7 октомври, управува со Газа.

Кина има добри односи со Израел, но ја поддржува палестинската кауза со децении и ја смета Палестина за држава.

Back to top button
Close