Египет повторно ги отвора кафулињата, рестораните, џамиите и црквите

Египет укина многу ограничувања воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, така што од денеска повторно ќе бидат отворени кафулињата, рестораните, спортските сали и театрите.

Властите, исто така, дозволија да се отворат џамиите и црквите, а полицискиот час е укинат.

– Џамиите и црквите нема да можат да ја одржуваат главната служба во недела кога голем број луѓе се собираат на молитва. Владата ги забрани петочните молитви во џамиите и неделните миси во црквите, рече премиерот Мустава Мадбули.

Кафулињата ќе можат да работат, но само со капацитет од 25 проценти кога станува збор за седење, а пушењето наргиле не е дозволено од хигиенски причини.

Владата, исто така, дозволи меѓународни чартер летови кон избрани туристички дестинации, за поттикнување на туристичкиот сектор, кој учествува со 12 проценти од вкупниот БДП на Египет.

Според Министерството за здравство, 62.755 лица се заразени од Ковид-19, а 2.620 лица починаа од вирусот. 

Back to top button
Close