Египет: Претседателот се согласи привремено да згрижи половина милион Палестинци од Газа
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека неговата земја е подготвена привремено да прими половина милион жители на Газа кои ќе бидат евакуирани од Појасот Газа, според извештајот на либанскиот весник Ал-Ахбар, кој е близок до Хезболах.
Според петочниот извештај, на жителите на Газа ќе им биде доделен град во северниот дел на Синајскиот Полуостров.
Изјавата на Сиси, наводно, била дадена за време на конференцијата одржана во Ријад, Саудиска Арабија, посветена на ситуацијата на Блискиот Исток, на која, меѓу другото, бил и египетскиот лидер.
Забележано е дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да го протера целото население на Газа, приближно 2,5 милиони жители, со цел да се создаде „ривиера на Блсикиот Исток“.
Од своја страна, Израелците започнаа нови воени операции во појасот, барајќи ослободување на сите заложници од Хамас.