Египет претстави нов план за Либија, по неуспехот на офанзивата на армијата на генерал Хафтар

– Египетскиот претседател Абдула Фатах ал-Сиси денеска ја промовираше новата иницијатива за Либија, предлагајќи избран владеачки совет и прекин на огнот на 8 јуни.

Сиси, крај кого стоеја командантот на источниот дел од земјата, генералот Калифа Хафтар, и претседателот на источниот либиски Парламент, Агуила Салех, кажа дека планот вклучува повик за разговори во Женева и заминување на сите странски борци од Либија.

Либија нема стабилна централна влада од соборувањето на диктаторот Моамер ел- Гадафи во 2011 година со помошта на НАТО. Повеќе од пет години во земјата има  ривалски парламенти и влади, на истокот и западот на земјат, додека улиците ги контролираат разни вооружени групи.

Сиси го објави планот по ненадејниот неуспех на 14-месечната офанзива на силите на Хафтар (ЛНА) што беше насочена на Триполи. Владата на национално единство (ГНА) сега контролира поголем дел од северозападниот дел на земјата, додека силите на Хафтар и понатаму го контролираат истокот и поголемиот дел од југот на земјата. Египет го поддржува Хафтар заедно со Обединетите Арапски Емирати и Русија, додека Турција ја поддржува ГНА.

Back to top button
Close