Егзекуторот го чекал Штекли во кладилницата до подвижните скали во Ист Гејт Мол

Лицето кое се обиде да го ликвидира Раде Трајковски Штекли, својата жртва ја чекал во спортска обложувалница на првиот подземен кат во Ист Гејт мол, пишува Телма.

Во заседата според првичните претпоставки најверојатно е вклучено уште најмалку едно лице како логистика кое било на вториот кат во трговскиот центар каде се наоѓа фитнес центарот.

Таму редовно вежбале Штекли и неговиот пријател. Откако ја напуштиле теретаната второто лице му јавило на лицето кое требало да ја изврши егзекуцијата дека тие се упатиле кон планираното место на заседа, ескалаторот каде жртвите не можеле да се сокријат или избегаат.

Егзекуторот ги застрелал и двајцата по што се дал во бегство. Раде Трајковски е ранет полесно и е на болничко лекување, а неговиот пријател е потешко повреден и со сериозни повреди чека втора операција на Клинички центар.

Нападот се случи во вторникот околу 15 часот, а министерот за внатрешни работи потврди дека станува збор за пресметка на кланови

Back to top button
Close