Егзит го демантира Ѓоргиевски: Не го селиме фестивалот во Скопје ниту во Египет, но нема можност догодина да се одржи во Србија

EXIT објави дека фестивалот не се сели во Скопje, ниту во Египет, туки дека во моментов нема можност да се одржи во Србија следната година бидејќи е одбиено државното финансирање.

„Во овој момент, нема можност фестивалот Exit да се одржи во Србија следната година, бидејќи на фестивалот, поради поддршката на студентите, му е одбиено секое државно кофинансирање на локално, покраинско и национално ниво. Исто така, од истите причини, на Exit му е одбиена поддршката од главниот спонзор на државниот фестивал, mts, по 22 години успешна соработка“, објави фестивалот.

Фестивал од размерите на Exit, како што е наведено, не може да се организира во домашни економски рамки без поддршка од државата.

„Откако објавивме дека сме принудени да ја напуштиме Србија поради државна репресија, добивме бројни покани од целиот свет да организираме фестивали токму таму. Моментално размислуваме кои дестинации ќе станат дел од глобалната турнеја на Exit следната година, за што наскоро ќе ја информираме јавноста, а подготвуваме и специјални изненадувања за нашата лојална публика во Србија“, изјави основачот и директор.

Да потсетиме, кандидатот за градоначалник на Град Скопјe, Орце Ѓорѓевски, најави дека музичкиот фестивал „Егзит“ (EXIT) доаѓа во главниот град на Северна Македонија

-🪩 „EXIT“ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ!

♥️ Со огромно задоволство ве информирам дека со основачот на „EXIT“, г-дин Душан Ковачевиќ, разговаравме од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации.

☝️Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија, ставајќи го на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто – напиша Ѓоргиевски на фб.

Опозицискиот СДСМ денеска го обвини Ѓорѓиевски дека ги излажал скопјани со најавата дека Скопје од следната година ќе стане нова дестинација на „Егзит“.

„Секоја сериозна личност што го прочитала официјалното соопштение на организаторите на EXIT може лесно да утврди: не постои никаква потврда за Скопје како фестивалска локација, ниту во 2025, ниту во 2026 година. Единствено што е објавено од страна на EXIT е план за глобална турнеја со повеќе настани низ светот. Ѓорѓиевски, во обид да ги освои гласовите со лажни ветувања, свесно извртува дека од Србија се сели во Скопје. EXIT и сега има свои спин-оф изданија, вклучително и во Струмица изминативе три години, тоа не значи дека фестивалот се преселил во Струмица“,велат од СДСМ.

Back to top button
Close