ЕГЗИТ журка во Струмица на 7 септември


„Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изнанадувања. Ги повикувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица за заедно да започнеме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“, вели градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов

Еднодневна забава насловена „Get EXITed“ ќе се одржи во Струмица на 7 септември во организација на тимот на фестивалот „Егзит“ во соработка со Општина Струмица. На „Get EXITed“ ќе настапат познати интернационални и регионални музички ѕвезди чии имиња наскоро ќе бидат објавени, како и местото на одржување и почетокот на продажбата на влезниците.

Од прес-конференцијата на која беше најавена забавата

„Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изнанадувања. Ги повикувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица за заедно да започнеме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“,

изјави градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.
Претставничката на фестивалот „Егзит“, Зорица Чанадановиќ, вели дека во семејството на „Егзит“ – настани се придружува и Северна Македонија.

„Една од основните визии на овој проект е вовед во креирањето на новиот македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот. Но, во овој момент фокусот ни е на големата „Get EXITed“ журка. Многу сме возбудени што конечно ќе се собереме со нашата македонска екипа“,
порача Чанадановиќ.

И од Општина Струмица сметаат дека „Get EXITed“, како концепт на еднодневен музички настан, ќе направи одличен вовед во првото издание на големиот македонски фестивал кој е планиран за следната година.

Организаторите додаваат дека „Егзит“ е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа која има свои девет фестивали во седум држави. Покрај матичниот фестивал, кој повеќе од 20 години традиционално се одржува во Нови Сад, Србија, „Егзит“ досега има организирано бројни фестивали и големи концерти.

Back to top button
Close