ЕХФ ЕУРО 2026: Португалија и Норвешка одиграа нерешено

Првиот денешен натпревар на Европското првенство од групата 1 меѓу Португалија и Норвешка заврши нерешено 35:35. Со овој резултат двете селекции ги намалија шансите за повисок пласман во групата.

Инаку, самиот дуел беше изедначен, а двете селекции имаа највисоко водство од три разлика Норвешка (8:5) во првото полувреме, а Португалија во вториот дел (31:28).

Последните два напада по еден за секоја репрезентација заврши без реализација. Луис Фраде кај Португалија со 11 голови беше најефикасен на дуелот, додека во редовите на Норвешка Аугуст постигна 10.

Од денешната програма се играат дуелите: Шпанија – Франција (18 часот) и дербито меѓу Данска и Германија (20:30 часот).

Германија е лидер на табелата со 6 бодови, пред Данска и Франција 4, а Норвешка и Португалија по 3. Шпанија е без бод.

Back to top button
Close