ЕХФ: Македонија со пад од две позиции

 Машките ракометни клубови од Македонија бележат пад од две места на најновата ранг-листа на ЕХФ, врз основа на која ќе се врши распределбата на места во европските купови за сезоната 2021/22.

Клупскиот ракомет во земјава сега се рангира на петтото место.

Лидер на листата e Германија, додека на втората позиција сега е Франција.

Ваквата промена, сепак, нема да влијае на тоа колку македонски екипи ќе играат во Европа следната сезона, што значи дека од земјава ќе има еден претставник во Лигата на шампионите и три во Европската лига на ЕХФ.

Оваа сезона во Лигата на шампионите ќе не претставува Вардар, додека во Европската лига играат уште Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел.

Back to top button
Close