ЕХФ: Реваншот Алкалоид – АЕК е откажан од безбедносни причини

Само неколку минути по официјалното откажување на финалната средба од Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК во арената „Борис Трајковски“ во Скопје се огласија од Европската ракометна федерација (ЕХФ).
„Финалето на Европскиот куп на ЕХФ во Скопје помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина е откажано поради безбедносни причини. Овој натпревар беше реванш од финалето. РК Алкалоид го доби првиот натпревар во Атина со 29:25. Дополнителни информации за понатамошните процедури ќе бидат соопштени навремено“, објави ЕХФ.