ЕИБ отвора канцеларија во Скопје

Обраќања по повод официјалното отворање на Канцеларијата на ЕИБ во Скопје.

ЕИБ е непрофитна финансиска институција на Европската унија (ЕУ), со седиште во Луксембург, формирана во 1958 година со Римскиот договор. Нејзина основна задача е да придонесе кон интеграција, балансиран развој и социјална и економска кохезија на земјите членки на ЕУ, додека почнувајќи уште од 1963 година, ЕИБ во согласност со европската политика за соработка и помош во развојот одобрува заеми и на земји кои не се членки на ЕУ.

Со потпишувањето на Протоколот 3 за финансиска соработка на Спогодбата за соработка меѓу Република Македонија и Европската заедница во 1997 година, ЕИБ прв пат почна да ѝ доделува заеми на Република Северна Македонија како суверен заемопримач. Соработката е зајакната во април 2008 година со потпишување на Рамковната спогодба со ЕИБ за регулирање на активностите на ЕИБ во Република Северна Македонија, со што се отворија нови можности за реализација на проекти од области кои се од клучно значење за Република Северна Македонија

Back to top button
Close