ЕК бара детални информации за список со лица од невладиниот сектор во Србија

Европската комисија очекува детални информации од властите во Србија за барањето на Управата за спречување на перење пари, кое беше испратена до банките да им обезбеди податоци за трансакциите на новинарите, како и здруженијата и граѓанските организации, соопшти портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, која објасни дека ова се однесува и на критериумите според кои е направен списокот.

-Борбата против перењето пари е важен столб на европската интеграција на Србија, кажа Писонро, изјавувајќи дека ЕК внимателно го следи развојот на ситуацијата.

-Способно граѓанско општество е клучната компонента на секој демократски систем и како такво треба да биде препознаено и почитувано од државните институции. Организациите на граѓанското општество и активистите за човекови права имаат клучна улога во подигнувањето на свеста за граѓанските и политичките права и мора да им се овозможи да работат слободно, нагласи Писонеро.

Управата за спречување перење пари при Министерството за финансии на српската влада направи список на медиумски работници, невладини организации и здруженија на граѓани и побара од банките увид во сите нивни трансакции од 1 јануари 2019 година до денес.

На списокот, со името на организацијата или лично име и презиме и бројот на лична карта, се наоѓаат 20 лица и 37 водечки српски невладини организации или здруженија, со објаснување дека треба да се утврди дали тие организации и поединци „имаат некаква врска со финансирање на тероризам или перење пари“.

Ана Писонро потврди дека од надлежните власти во Белград е побарано да објаснат кои се критериумите за ваквиот избор.

-Организациите на граѓанското општество и активистите за човекови права имаат клучна улога во подигнувањето на свеста за граѓанските и политичките права и мора да им биде дозволено слободно да работат, оцени портпаролката на ЕК, Ана Писонеро.

Back to top button
Close