ЕК ќе отвори истрага за спојувањето на Пежо ПСА со Фиат – Крајслер

Европската комисија денеска најави отворање детална истрага за спојување на францускиот Пежо ПСА и италијанско-американскиот производител на автомобили Фиат-Крајслер, стравувајќи од намалување на конкуренцијата.

– Двете групи, што ќе го формираат четвртиот по големина производител на автомобили во светот, имаат „силно место“ на пазарот на автомобили. Ние внимателно ќе процениме дали предложената трансакција ќе има негативно на  конкуренција на пазарот, истакна еврокомесарката за конкуренција, Маргарет Вестагер.

ЕК, која треба да донесе одлука до 22 октомври, загрижена е дека спојувањето ќе ја намали конкуренцијата за возила помали од 3,5 тони во 14 земји-членки на ЕУ (Белгија, Хрватска, Чешка, Шпанија, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Луксембург, Полска, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија), како и во Велика Британија.

Back to top button
Close