ЕК: Над 3.000 Украинци се примени во болниците во ЕУ од почетокот на руската инвазија

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, повеќе од 3.000 Украинци, вклучително и хронично болни и повредени, се примени на лекување во ЕУ, соопшти Европската комисија.

Украинските пациенти се дистрибуирани преку Европскиот механизам за цивилна заштита. Тоа е досега најголемата медицинска евакуација договорена од ЕК, се наведува во соопштението.

Лекување понудија болници во 22 земји на ЕУ – Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Шведска.

Back to top button
Close