ЕК: Неприфатливи се произволните апсења во Белорусија

 Европската комисија соопшти дека е загрижена за извештаите за последните апсења на политички активисти во Белорусија, јави ДПА.

Портпаролот на Комисијата, Питер Стано, кажа дека Европската унија е запознаена со извештаите за наводно киднапирање на Колесникова и други политички активисти.

-Она на што сме сведоци во Белорусија во основа е континуирана репресија од страна на властите врз цивилното население, рече тој.

„Ние сме длабоко загрижени за континуираната репресија и заплашување на населението со необјаснети апсења, многу често произволни апсења, апсења кои се политички мотивирани. Ова е неприфатливо“, додаде Стано, пренесен од ДПА.

Back to top button
Close