ЕК обезбедува 200 роботи за дезинфекција на европските болници

Како дел од тековните напори за справување со ширењето на коронавирусот и обезбедување на потребната опрема на земјите-членки, Европската комисија купи 200 роботи за дезинфекција, кои ќе бидат доставени до голем број болници во Европа, соопшти прес-службата на ЕК.

Болниците во повеќето земји-членки изразија потреба и интерес да ги добијат овие роботи, кои можат да дезинфицираат стандардни простории за пациенти со помош на ултравиолетова светлина, во рок од 15 минути. На овој начин, тие помагаат во спречување и намалување на ширењето на вирусот. Процесот го контролира оператор кој е надвор од областа за дезинфекција за да избегне какво било изложување на ултравиолетова светлина.

– Развојот на технологијата може да создаде сили за промена и гледаме добар пример за тоа кај роботите за дезинфекција. Ја поздравувам оваа акција за да им помогнеме на нашите болници во Европа да го намалат ризикот од инфекција – важен чекор во намалувањето на ширењето на коронавирусот, изјави потпретседателката на Комисијата, Маргрет Вестегер.

Back to top button
Close