ЕК: Одлуката за ревидираниот француски предлог е суверена одлука на Северна Македонија

Европската комисија преку својата портпаролка за проширување порача дека се следи процесот во Северна Македонија за предлог преговарачката рамка на француското претседателство, јави дописничката на МИА од Брисел.

FILE PHOTO: European Union flags fly outside the European Commission headquarters in Brussels, Belgium, February 19, 2020. REUTERS/Yves Herman

На новинарско прашање на редовниот брифинг за медиуми во Европската Комисија за францускиот предлог и процесот на преговори со Северна Македонија, портпаролката за проширување, Ана Писонеро изјави дека се водат консултации во земјата.

– По испраќањето на ревидираниот француски предлог, видовте дека премиерот Ковачевски најави широк процес на консултации со сите релевантни чинители, овој процес е во тек и се разбира одлуката за овој ревидиран предлог е суверена одлука на Северна Македонија, одблиску ги следиме настаните и дебатите кои се одвиваат, изјави Писонеро.

На прашање за содржината на преговарачката рамка и вклучувањето на билатерални прашања со Бугарија во предлогот, Писонеро ги упати новинарите кон веб сајтот на владата на Северна Македонија каде се објавени документи, но не даде коментар.

Back to top button
Close