ЕК: Се уште нема рок на употреба на сертификатите за вакцинација против Ковид-19

Законодавството на ЕУ не предвидува валидност на сертификатите издадени за целосно вакцинирани лица против Kовид-19, изјави денеска портпарол на Европската комисија по повод одлуката на неколку земји од ЕУ да препорачаат трета доза вакцина.

– Досега, науката нема доволно одговори на многу нерешени прашања – колку е имунитетот против оваа болест, дали одговорот на вакцините е ист кај сите луѓе, истакна портпаролот.

Претходно оваа недела, Европската агенција за лекови одобри апликација на дополнителна доза вакцина за оние кои се веќе имунизирани. Земјите на ЕУ во моментов нудат можност за засилувачка доза вакцина на оние кои се најзагрозени од сериозни болести и повозрасни лица.

Back to top button
Close