ЕК смета дека авиопатниците не треба да се сметаат за ризична група за Ковид-19

 

Врз основа на научните наоди на релевантните институции, Европската Комисија (ЕК) денеска им препорача на земјите членки на ЕУ да не ги сметаат авиопатниците како ризична група, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија се базира на заклучоците на Европскиот центар за контрола на болести  (ЕЦДЦ) како и на Агенцијата за безбедност на авијацијата во ЕУ (ЕАСА) каде се констатира дека бројот на позитивни случаи на Ковид-19 е понизок отколку во генералното население.

Притоа, додаваат од Европската Комисија, постоечките мерки во авиосообраќајот веќе значајно го намалуваат ризикот од трансмисија на вирусот за време на летањето. Ниту агенцијата за авијација, ниту центарот за контрола на болести на ЕУ не сметаат дека се потребни тестирање или карантин за авиопатниците.

Наместо тоа, на земјите членки на ЕУ им се препорачува добро да ги информираат патниците за епидемиолошката состојба во земјата каде патуваат, како и за мерките за превенција и заштита за време на летот.

-Научните докази презентирани од страна на ЕАСА и ЕЦДЦ препорачуваат  патниците да не се третираат како високоризични за пренесување на Ковид-19 кога патуваат помеѓу земји со слична епидемиолошка состојба, изјави еврокомесарката за транспорт, Адина Валеан. Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, и се придружи на својата колешка додавајќи дека празничниот период кој доаѓа ќе биде различен, но дека никој не сака да се “укине Божик„.

-Сакаме Божик да биде безбеден за сите, во пресрет на зимскиот, ги поздравувам овие препораки за тестирање и карантин на авиопатниците, тие ќе помогнат за координиран пристап во Европа, потребен за летањето да биде безбедно, изјави комесарката.

Back to top button
Close