ЕК: Земјата има остварено одреден напредок во Поглавјето 23 и е делумно подготвена

Република Северна Македонија генерално има остварено одреден напредок во Поглавјето 23 во однос на минатата година и останува делумно подготвена за спроведување на законодавството на ЕУ и европските стандарди во областа на правосудството и основните човекови права.

Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјава, посочува дека Имплементацијата на судската стратегија е во завршна фаза и се подготвува нова стратегија. Законот за Јавното обвинителство продолжува да се спроведува доследно, со што се обезбедува одговорност за кривични дела кои произлегуваат и се поврзани со нелегалното прислушување. Ова, оценуваат од ЕК, особено резултира со важни пресуди во случаи на високо ниво.

 

Во извештајот, ЕК оценува дека Државната комисија за спречување на корупцијата продолжува проактивно да го извршува својот мандат, додека корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање.

 

 

 

Северна Македонија продолжува да ги исполнува своите општи обврски за основните права, но има предизвици во спроведувањето на постојното законодавство.

 

-Зголемениот буџет на Канцеларијата на Народниот правобранител ѝ овозможи да регрутира специјализиран кадар, со цел подобро да ја оствари својата улога. Од суштинско значење е да се заврши долго развлекуваното назначување на членови на независни и регулаторни тела, врз основа на заслуги. Функционалната независност на телата за човекови права мора да се гарантира во секое време, вклучително и со доделување доволно финансиски средства за да им се овозможи правилно да го извршуваат својот мандат, се вели генералната оценка за Поглавејето 23.

 

Во извештајот на ЕК се вели дека состојбата во затворите останува драматична и дека системските решенија за подобрување на условите за притвор треба да се спроведат со најголема итност.

ЕК, исто така, оценува дека слободата на изразување и плуралистичките гледишта продолжија да напредуваат, но предизвиците остануваат.

Според извештајот на ЕК, на земјата и треба стратегија за понатамошни медиумски реформи, елаборирана со поддршка од сите релевантни чинители.

Back to top button
Close