„Екатимерини“: Загриженост од Грција што Силјановска- Давкова и министрите од македонската Влада не користат „Северна“

Грчки „Екатимерини“ пред денешната најавена средба на шефовите на дипломатиите на двете соседни земји пишува : „Се очекува Грција да изрази загриженост во врска со неуспехот на Северна Македонија целосно да го спроведе Преспанскиот договор од 2018 година за време на разговорите во Атина во среда меѓу министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски“.

Според медиумот, „средбата се случува во услови на зголемен притисок од ЕУ врз Македонија да ги почитува обврските поврзани со процесот на пристапување“.

-И покрај неодамнешните случаи на соработка – вклучувајќи го и третманот на Грција кон повредените граѓани по смртоносниот пожар во ноќен клуб во Кочани и заедничките операции за гаснење пожари – Атина изрази загриженост поради зголемената употреба на името „Македонија“ без уставниот префикс „Северна“ од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министрите од владејачката националистичка партија, ВМРО-ДПМНЕ – стои во текстот на „Екатимерини“.

Грчките претставници наводно се исто така загрижени за изоставувањето на „Северна“ во јавниот дискурс и државните институции, вклучително и спортските федерации.

-Силјановска-Давкова изјави дека доколку Преспанскиот договор навистина и користел на нејзината земја, таа веќе ќе била членка на ЕУ. Таа и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека понатамошниот напредок е попречен од неуспехот на Грција да ратификува три билатерални меморандуми поврзани со Договорот – порачуваат од весникот

Back to top button
Close