Екелстоун: Хамилтон освјуваше титули кога конкуренцијата беше слаба

Возачот на Ферари Луис Хамилтон следната трка ја вози пред домашната публика во Силверстоун. На оваа патека седумкратниот шампион има девет победи. Но, според најавите тешко е да се очекува триумф на Хамилтон.

Од самиот почеток на соработката со Ферари, Хамилтон има потешкотии. Oва е првпат од 2007 година откако се појави во формула 1, по 11 изминати трки да нема пласман на победничкиот подиум.

Поранешниот прв човек на формула 1, Берни Екелстоун изјави:

– Хамилтон нема повеќе да биде шампион. Мислам дека имаше среќа во периодот кога беше доминантен, односно тогаш и немаше премногу конкуренција и затоа му беше полесно. Сега има сериозни ривали, а тој освојуваше титули кога конкуренцијата беше слаба.

Екелстоун е познат и по тоа што секогаш отворено зборува.

Хамилтон со 91 поен се наоѓа на шестото место во генералниот пласман.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close