Екипата на “Wonderland” театарот ќе организира проект со ученици од неколку градови
По успешната онлајн премиера на виртуелната претстава „Илузии” екипата на “Wonderland” театарот ќе организира проект во кој ќе бидат вклучени неколку младински групи.
Станува збор за разговори во кои режисерката на претставата Нела Витошевиќ заедно со актерската екипа ќе дискутираат со ученици од неколку македонски градови. Темата ќе биде претставата ,,Илузии” како и делувањето на уметниците во виртуелниот простор. Разговорите ќе се одржат онлајн,на платформата Zoom, во период од 5 Октомври до 5 Ноември 2020 год. Информации за начинот на пријавување може да се најдат на линкот https://www.facebook.com/events/723443988242690/
Проектот е подржан од Делегацијата на Европската Унија.