Екипата од кумановската итна помош е пуштена дома, по сообраќајката пациентката и возачот на другото возило се во болница

Екипата од возилото за итна помош што се преврте синоќа, односно, возачот и медицинската сестра се пуштени од болница, додека пациентката која ја транспортирале на Клиниката за кардиологија при клиничкиот центар, како и взоачот на другото возило, кој што е потешко повреден информираат оттаму.

Во синоќешниот судир екипата од кумановската болница, но и пациентката се се здобиле со полесни повреди, додека возачот на другото возило е потешко повреден. Болницата во куманово во моментов е без возило за транспорт на пациенти, откако вчера едно од нив се преврте во сообраќајна несреќа, а останатите две се на сервис.

Сообраќајната незгода се случи синоќа пред полноќ во близина на еу инфо-центарот во Скопје. Амбулантното возило кое превезувало 72годишна кардиолошка пациентка од Куманово се судри со „Фолксваген туран“, со скопски регистарски таблички. Во несреќата, возачот, медицинската сестра и пациентката се здобија со полесни повреди, додека возачот на другото возило е потешко повреден.

Back to top button
Close