Еко Герила: Деценискиот проблем со сметот на грб на граѓаните кои се трујат поради пожарот на депонијата

Здружението Еко Герила од Тетово истакнува дека граѓаните се соочуваат со последиците од неуспешното менаџирање со отпадот во Полошкиот регион, а највисока цена деновиве плаќаат жителите на Гостивар поради пожарот на Русино.  

Повеќе од 15 години Владата на Северна Македонија ветува дека ќе го реши проблемот со менаџирањето на отпадот во Полошкиот регион, но овој проблем се уште останува без епилог. Цената на овој неуспех овие денови го плаќаат жителите на Гостивар, кои во време на пандемија се принудени да дишат загаден воздух, поради пожарот што гори во регионалната депонија Русино, во близина на Гостивар. Граѓаните со право се жалат на масовното труење предизвикано од неспособноста на владата да го реши овој стар проблем, велат од Еко Герила.

Од таму потенцираат дека заради тоа граѓаните имаат основа да се организираат во насока на заштита.

Барањето на граѓаните да се организираат за заштита од ова труење е легитимно, а Еко Герила целосно ги поддржува да постапуваат во согласност со законите и правата на граѓаните за организирање, почитувајќи ги мерките за лична заштита во време на пандемијата. Граѓаните се уморни од многуте досега неисполнети ветувања, истакнуваат од Еко Герила во денешното соопштение до јавноста. 

Back to top button
Close