Еколог донираше десет амбулантни возила во Северна Македонија  

Компанијата Еколог донираше десет амбулантни возила  во здравствените домови во Северна Македонија. Возилата се целосно опремени со медицинска опрема и апарати.

Оваа донација има за цел да го зајакне болничкиот капацитет и да го зголеми квалитетот на услугите во секторот за итни случаи, особено сега кога сме во период на пандемија, кога потребите на населението за итна медицинска помош значително се зголемија.

„Во овој двегодишен период, здравјето е она што доби најголемо внимание. затоа, од претседателот на советодавниот одбор, г. Лазим Дестани, иницијативата дојде за донација на овие десет амбулантни возила. Веруваме дека оваа донација ќе биде придонес за зајакнување на капацитетот на болниците, како и помош на здравствените работници во нивната битка против ковид-19“, изјави Сеид Јусуфи, претставник на компанијата Еколог.

Back to top button
Close