“Економист“: Американците би можеле да останат без воени бази во Европа

Европската Унија би можела да се послужи со економски санкции, воведување трговски тарифи или дури и закани за затворање на американските воени бази на нејзина територија со цел да изврши притисок врз САД во врска со иднината на Гренланд, пишува списанието „Економист“.

Според списанието, на Вашингтон би му било исклучително тешко да ја проектира својата воена моќ во Африка и Блискиот Исток без пристап до европските воени бази, како што е „Рамштајн“ во Германија. Како пример, се наведува дека успехот на неодамнешните заплени на танкери за нафта покрај брегот на Венецуела директно зависел од пристапот до британските воени аеродроми.

Во исто време, способноста на Белата куќа да ги следи и сузбива потенцијалните закани во Арктикот бара соработка со Гренланд, Исланд, Обединетото Кралство и Норвешка, како и други сојузници во рамките на НАТО, истакнува „Економист“.

Списанието проценува дека отворената конфронтација со САД е малку веројатна, бидејќи тоа би барало од Европската Унија нагло да ги зголеми своите воени трошоци, со оглед на нејзината зависност од американските трупи и воено-индустрискиот комплекс. Од друга страна, трговската војна би претставувала голем товар за буџетите на земјите-членки на ЕУ.

Back to top button
Close