Eкс антикорупционерката Билјана Ивановска кандидат за градоначалник на Центар од платформата „Независни заедно“
Екс председателката на ДКСК во чиј мандат комисијата ги доби највисоките оценки и пофалби за битката со корупцијата ќе биде кандидат за градоначалник на општина Центар Ивановска е кандидат за фотељата прв човек на Ценар од платформата „Независни заедно“ соопштија на социјалните мрежи од „Шанса за Центар“
Кандидатурата ќе ја објави Ивановска утре претпладне во 9 и 30 на прес конференција пред фонтаната Лотус на влазот на Градскиот Парк .
Шанса за Центар
Почитувани сограѓани,
граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“, ја имаат честа да ја претстават истакната борка за правда и антикорпуционерка и една од најреспектабилните јавни личности, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар.
Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „Групација 398“.
Ивановска ќе одржи прес-конференција за објавување на својата кандидатура на просторот пред фонтаната Лотус на влезот во Градски Парк во 09:30 часот.
Платформа “Независни заедно”