Екс директорката на гостиварски „Комуналец“ оди во куќен притвор


Артана Асани – поранешната директорка на гостиварски „Комуналец“ оди во куќен притвор откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски притвор.

Постапката против неа продолжува во рамките на истрагата поврзана со загадувањето на водата за пиење во Гостивар.

Таа беше уапсена во јули годинава заедно со уште двајца раководители во претпријатието, по што им беше определен притвор.

Мерката подоцна беше продолжена, а одбраната побара таа да биде заменета со куќен притвор.

Асани сега во домашни услови и ќе мора да ги почитува ограничувањата утврдени од судот.

Back to top button
Close