Екс директорот на финансиска полиција Арафат Муареми премина во ДУИ

Поранешниот директор на финансиска полиција Арафат Муареми од СДСМ премина во ДУИ.Оваа вест тој ја потврди на својот Фејсбук профил

„Почитувани семејства, пријатели, колеги и сите вие ​​добронамерници, сакам да ве информирам дека по многу дискусии и анализи решив да се приклучам на Европскиот фронт, со една цел, најдобрата иднина на нашата земја. Имам целосна верба во моќта на мислата на непобедениот лидер низ годините, г. Али Ахмети! Ги повикувам сите истомисленици во поддршка, да им дадеме глас на нашите цели да триумфираме и да ја движиме оваа земја напред!“, напиша Муареми.

Инаку, Муареми беше директор на финансиска полиција а „војната“ со шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска започна откако обвинителките влегоа во Финансиската полиција да прават претрес

Back to top button
Close